ФОТО | „Морничави фотографии“: Дејвид Бекам ги згрози фановите со однесувањето кон ќерка му

Фото: Profimedia

Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам и неговата 12-годишна ќерка Харпер викендов присуствуваа на фудбалски натпревар во американскиот град Форт Лодердејл на Флорида.

Папарацо-фотографите успеаја да ги фотографираат таткото и ќерката на трибините, но нивните фотографии ги шокираа корисниците на социјалните мрежи.

На нив може да се види како Бекам ја прегрнува и ја бакнува ќерка си, а според многумина ова однесување е несоодветно и му порачаа на поранешниот фудбалер дека треба да сфати дека ќерка му расте.

„Бекам треба да разбере дека неговата ќерка расте брзо“, „Тој не може да ја прегрнува на ист начин како кога имаше пет години”, „Морничави слики…таа изгледа како да има 18 години, што го прави сето тоа тотално несоодветно“, се некои од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот