ФОТО | „Мона Лиза на одмор“: Се појавија фотографии со вештачка интелигенција од ликот на најпознатото уметничко дело

Фото: Facebook / A different type of Art

На социјалните мрежи кружат фотографии создадени со вештачка интелигенција од ликот на Мона Лиза. Девојката со загадочна насмевка насликана од познатиот ренесансен италијански сликар Леонардо да Винчи е едно од најпознатите ремек-дела во светот, а мистериозната Мона Лиза сега се појави во сосема поинакво руво.

Имено, еден корисник на интернет решил малку да експериментира и со помош на вештачката интелигенција ја покажал Мона Лиза во модерна средина, а резултатот е полн погодок.

„Мона Лиза на одмор“, пишува покрај фотографиите.

Мона Лиза оживеа во виртуелниот свет и „отпатува“ до познати туристички дестинации, како Санторини, Мачу Пикчу и Њујорк. Објавата собра повеќе од 35 илјади лајкови, а многумина забележаа како е задржана мистериозноста на девојката дури и во целосно новото издание.

„Има нешто толку енигматично во таа насмевка“, гласи еден од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот