ФОТО | „Мојот маж!“: Ана Курникова ги воодушеви сите со емотивната објава за Енрике Иглесијас

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Поранешната руска тенисерка Ана Курникова минатиот викенд пријатно ја изненади јавноста објавувајќи фотографија од своето семејство на својот инстаграм-профил.

„Среќен Ден на татковците на мојот човек Енрике Иглесијас! И на сите татковци!!!“, напишала Ана и предизвикала прекрасни коментари под нејзината објава.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Ана и Енрике се заедно од 2001 година, имаат три деца, но никогаш не се венчаа.

– Никогаш навистина не мислев дека бракот ќе значи нешто. Не можеш да сакаш некого поради парче хартија. Во денешно време не е табу-тема да имаш деца и да не си во брак – изјави своевремено познатиот латино-пејач.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Ана и Енрике, инаку, го чуваат својот приватен живот за себе, далеку од очите на јавноста. Токму поради тоа, овој нејзин потег нивните обожаватели го дочекаа како вистинско освежување, па ја опсипаа со комплименти.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Енрике Иглесијас и Ана Курникова се пофалија со своите деца

Енрике Иглесијас и Ана Курникова добија ќеркичка: Парот објави први фотографии од своето трето дете (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот