ФОТО: Мицкоски го пречека Орбан во Охрид

Унгарскиот премиер Виктор Орбан попладнево пристигна во Охрид, каде утре ќе има тет-а-тет средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Орбан, како што информираат владини извори, во посетата доаѓа со бројна делегација во чиј состав се и десетина министри.

Според агендата, утре по средбата на двајцата премиери, ќе се одржи меѓувладина седница по која Мицкоски и Орбан ќе одржат заедничка прес-конференција.

Како што информираат од Владата, на маргините на дводневната посета, предвидена е и прошетка во Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот