ФОТО | „Ми недостигаат моите планини“: Бремената Ирина Камилоска ја одржува формата во природа

Ирина Камилоска / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Планинарката Ирина Камилоска (поранешно Дишовска) која е во брак со пејачот Павле Камилоски во текот на првата бременост постојано искачуваше планински врвови.

Неодамна, таа на социјалните мрежи откри дека повторно ќе стане мајка, а сега се пофали како ја одржува својата беспрекорна форма во петтиот месец од бременоста.

Имено, Ирина на својот инстаграм-профил објави фотографии од природа, на која се гледа дека и покрај тоа што е бремена таа продолжува да пешачи и да планинари.

Фото: Принтскрин / Инстаграм
Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Ми недостигаат моите планини“, напиша таа кратко покрај фотографиите.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Да потсетиме, Павле и Ирина го изговорија судбоносното „да“ во февруари минатата година, а неколку месеци подоцна, на 18 јуни, нивното семејство се прошири со синот Јосиф. Пред еден месец Ирина ја сподели радосната вест со јавноста дека повторно ќе стане мајка.

ФОТО+ВИДЕО | „Нека ти е вечно името“: Павле и Ирина Камилоски му направија крштевка на синот Јосиф во Галичник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот