ФОТО | Меџик Џонсон ужива во Дубровник: „Погледот е спектакуларен, а храната прекрасна“

Фото: Фејсбук/Меџик Џонсон

Легендарниот кошаркар и еден од најдобрите НБА играчи на сите времиња Меџик Џонсон повторно го посети прекрасниот хрватски град Дубровник.

Во друштво на неговата сопруга Куки Џонсон, тој вечерал во еден локален ресторан и уживал во погледот кон тврдината Ловриенац.

Своето пријатно искуство, заедно со неколку фотографии, Џонсон го сподели на социјалниот медиум Фејсбук.

„Глетката беше спектакуларна, а храната прекрасна. Зад нас е тврдината Ловриенац, каде се снимаше телевизиската серија ‘Game of Thrones’“, напиша познатиот кошаркар, кој веќе неколку години по ред го посетува југот на Хрватска.

Фото: Фејсбук/Меџик Џонсон
Фото: Фејсбук/Меџик Џонсон
Фото: Фејсбук/Меџик Џонсон
Фото: Фејсбук/Меџик Џонсон

Пред посетата на Дубровник, Меџик и Куки Џонсон ја посетија и Црна Гора.

„Возбудливо е кога Куки и јас истражуваме нова земја, а Црна Гора е спектакуларна! Ова е наша прва посета на оваа земја – таа е убава и луксузна“, напиша тој на Твитер при посетата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот