ФОТО: Медали за борачите на Шкупи и Балканец на меѓународниот турнир во Велес

Борачите на Шкупи бележат нови успеси/фото: facebook/Wrestling Club Shkupi

Боречкиот клуб Шкупи учествуваше на Меѓународниот меморијален турнир „Листон 2022“ во Велес каде освои вкупно четири медали.

Со златен медал се закитија Заим Заими во категоријата 30 килограми, и Абдулазиз Азизи во категоријата 37 кг.

Сребро освоија Ерен Муртез (30 кг.) и Мираџ Мустафа во категоријата 41 килограм.

Ова е продолжување на успесите на БК Шкупи, претходно на интернационалниот турнир „Штипски боречки асови“ освои три медали: Харум Мемеди (сребро, 28 кг.), Елмедин Ајрулау (бронза, 32 кг.) и Абдулазиз Азизи (бронза, 38 кг.)

На турнирот „Листон 2022“ медали освоија и борачите на „Балканец“: Дарио Ѓуров (бронза, 37 кг.), Фаик Мемедовски (бронза, 55 кг.), Зоран Шоров (сребро, 68 кг.), Христијан Тасевски (бронза, 68 кг.) и Јован Стефанов (бронза, 75 кг.).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот