ФОТО | Марго Роби ужива во Италија: Убавата актерка го покажа трудничкиот стомак во лежерна облека

Фото: Profimedia

Актерката Марго Роби неодамна пристигна на одмор на Сардинија. На одморот ѝ се придружи нејзиниот сопруг, продуцентот Том Акерли, со кој го очекува своето прво дете.

Роби и нејзиниот сопруг ги фотографираа фотографите, а трудничкиот стомак го покажа во лежерна облека. Актерката облекла црни панталони и бела кошула која ја откопчала за да го нагласи стомакот. Комбинацијата ја завршила со црни мокасини, чанта, капа и очила за сонце.

Фото: CIAOPIX / COBRA TEAM / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Веста дека е бремена беше објавена во јули годинава. Таа беше со сопругот на езерото Комо, а Роби во таа прилика носеше бел краток топ во кој го покажа трудничкиот стомак. Набргу потоа, двојката беше и на Вимблдон, каде таа го истакна својот стомак во бел фустан.

Да потсетиме, Роби и Акерли се запознаа во 2013 година, за време на снимањето на филмот „Француски апартман“ („Suite Française“). Актерката имаше споредна улога во филмот, а продуцентот работеше како асистент.

Фото: CIAOPIX / COBRA TEAM / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Филмската екипа толку се зближила за време на снимањето што сите почнале да живеат заедно. Изнајмиле имот во лондонски кварт и се погрижиле тоа да си го дозволи и најслабо платениот член на тимот.

Роби и Акерли ја криеле својата врска, но нивната тајна не останала тајна долго време.

„Го чувавме тоа во тајност. Затоа што навистина не го сфативме сериозно. Како да сме ‘само пријатели’, а потоа сите дознаа… Беше драматично. Нема да навлегувам во детали. Но, за момент нашата куќа се претвори во ‘Шоуто на Џери Спрингер’, но потоа сè се среди и сè беше во ред“, раскажа актерката.

ФОТО | Никогаш посреќни: Бремената Марго Роби и нејзиниот сопруг разменуваа бакнежи на Вимблдон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот