ФОТО | Македонските фудбалери ѝ подарија дрес на Северина: Пејачката им посака среќа на нашите репрезентативци

Фото: Инстаграм/ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски натпревар со репрезентацијата на Хрватска во понеделник. Натпреварот ќе се одржи во Риека и ќе биде еден од двата во јунскиот репрезентативен циклус.

Непосредно пред тргнувањето за Хрватска, нашите фудбалери имаа специјален гостин во хотелот „Дабл Три Хилтон“ во Скопје – регионалната музичка ѕвезда Северина Вучковиќ.

Таа им посака среќа на нашите репрезентативци, а тие ѝ подарија два дреса со бројот седум – едниот со нејзиното име, а другиот со името на син ѝ Александар.

Симболичниот подарок ѝ го врачија фудбалерите Александар Трајковски и Столе Димитриевски.

Фото: Инстаграм/ФФМ
Фото: Инстаграм/ФФМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот