ФОТО: Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс прогласен за МВП во ФИБА Лигата на шампионите

фото: kfsm.mk

По одигрувањето на полуфиналните натпревари на Ф4 турнирот во ФИБА Лигата на шампионите, прогласени се најдобрите за натпреварувачката сезона 2022/2023.

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс благодарение на своите одлични игри во дресот на германскиот клуб Телеком Бон го доби признанието за најкорисен играч (МВП) во елитното европско клупско кошаркарско натпреварување за оваа сезона.

Нашиот плејмејкер во просек има 18,9 поени, 3,8 скокови и 7,1 асистенции по меч. Потсетување дека Ти Џеј Шортс во полуфиналето против шпанската Уникаха беше прв стрелец со 21 поен.

Репрезентативецот на Македонија се наоѓа и во најдобрата петорка за оваа сезона, заедно со Марсело Уертас (Тенерифе), Дарио Бризуела (Уникаха), Акил Мичел (АЕК) и Зек Хенкинс (Хапоел Ерусалим).

В недела е финалето на ФИБА Лигата на шампионите, во Малага екипата на Телеком Бон во борбата за пехарот ќе ги одмери силите против израелскиот Хапоел Ерусалим од 20.00 часот. Претходно за третото место на турнирот од 17.00 часот е шпанскиот дуел меѓу Уникаха и Тенерифе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот