ФОТО | „Мајката на…“: Едина Муса го откри полот и името на бебето кое го очекува

Фото: Инстаграм/Едина Муса

Македонската кошаркарка Едина Муса неодамна ја сподели убавата вест дека ќе стане мајка за првпат, објавувајќи фотографија на која го покажа трудничкиот стомак.

„Ти си сè што отсекогаш посакував“, напиша таа тогаш во описот на својата објава на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Едина Муса

Сега таа откри дека очекува момче, кое ќе го добие името Максим.

„Мајката на Максим“, напиша Муса на Инстаграм, споделувајќи своја фотографија во црна модна комбинација и изглед за кој се погрижил познатиот шминкер и фризер Арменд Рамадани.

Фото: Инстаграм/Едина Муса

Убавата кошаркарка не откри кој е татко на бебето што го очекува.

Инаку, Едина Муса и Александар Димитровски – Мачка, поранешен сопруг на Тамара Тодевска, на почетокот на годината открија дека се во врска.

ФОТО | Нов македонски пар: Едина Муса и бившиот на Тамара Тодевска во романтична врска?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот