ФОТО | Мајка на 17 деца откри колку месечно троши за храна и како се снаоѓа со секојдневните обврски

Фото: Инстаграм/mom2manygreens

Семејството на Кели Грин и нејзиниот сопруг Тимоти порасна на 19 членови за само неколку години, а парот откри дека иако трошат 19,2 илјади долари годишно на намирници, тоа не им е проблем „благодарение на строгата рутина секој ден“, пишува „Мирор“.

Кели (39), има три биолошки деца со Тимоти (44) – Морган (22), Брајлон (18) и Слејтон (16), а во последните шест години посвоиле 14 деца.

Фото: Инстаграм/mom2manygreens

Иако го сака своето огромно семејство, Американката мора сериозно да води сметка за своите финансии за да ги држи работите податливи. Ова семејство троши близу 1,6 илјади долари месечно на намирници, кои ги „купува во три различни супермаркети за да ги добијат најдобрите понуди“.

Кели го започнува денот во 5:45 часот и легнува во 22:30 за да се погрижи секое дете да го добие она што му треба.

Мајката од Самервил, Северна Каролина, секоја недела оди да пазарува. Таа прави листа на она што е на менито за неделата и планира соодветно.

Кели и Тимоти престанаа да посвојуваат откако станаа баба и дедо. Тие ги посвоија Амбер, Кајла, Морган, Есен, Нарли, Кенет, Ема, Невае, Дејвид, Рајли, Чарли, Лукас, Мекинли и Шанс.

Фото: Инстаграм/mom2manygreens

„Пред шест години бевме петчлено семејство. Во 2019 година решивме да посвоиме. Дознавме дека има толку многу деца кои немале родителска грижа. Вкупно згриживме 129 деца и посвоивме 14 од нив, кои живеат со нас“, вели хуманата мајка.

Парот првпат посвоил во 2021 година, а последен пат во мај 2024 година. Иако на почетокот не сакале да посвојуваат деца, туку само да ги згрижуваат, нивното размислување се променило кога посвоените деца почнале да ги нарекуваат мама и тато.

„Чувствувам дека нашата куќа работи непречено ако се држиме до нашиот распоред. Многу родители прашуваат како го правам тоа секој ден, но искрено, истото го правам од понеделник до петок. Мојот распоред е потполно ист секој ден“, откри Кели.

Фото: Инстаграм/mom2manygreens

Кога станува збор за тоа колку храна се консумира, таа рече дека зависи од „типот на неделата“ .

„Понекогаш галон млеко може да ни издржи два или три дена, а понекогаш го пиеме за еден ден. Зависи од тоа каква недела имаме“.

Двојката вети дека ќе престане да посвојува откако нивните деца ќе станат родители. „Сакаме да бидеме таму за нашите деца и нивните деца. Имаме дете кое се подготвува да се омажи следната година“, објасни Кели.

Како изгледа секојдневната рутина на Кели
5:45 часот наутро – будење

6:50 – ги носи основците на училиште

8  – ги носи најмалите деца до нивната игротека

9 – гимназија

13:00 – ги зема најмалите деца од игротеката

13:50 – ги зема основците од училиште

16:00 – сите деца се дома, се подготвува вечера

17:30 – вечерата е готова

19-19:30 – ноќно чистење

19:30 – време за капење

20-20:30 – време за спиење на малите деца и основците

21:00 – време за спиење на средношколците

Фото: Инстаграм/mom2manygreens

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот