ФОТО | Лепа Брена повеќе не е русокоса: Трансформацијата на пејачката за која сите зборуваат

Фото: Инстаграм/Лепа Брена

По одличните настапи на Драгана Мирковиќ и Лепа Брена во Цирих, една од главните теми за која сите зборуваат е новата фризура на Брена.

Очигледно пејачката се „откажала од својот заштитен знак“, односно од русата коса и „заминала во редот на бринетите“, а со тој потег никого не изненадила.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Фотографиите од „приказните“ на Инстаграм на Драгана Мирковиќ поради ова привлекоа поголемо внимание од вообичаено, а Брена уште еднаш докажа дека знае да се носи со сите промени.

Не е познато колку Брена ќе остане со овој „тон“ на косата но фановите секако ја поддржаа трансформацијата на пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот