ФОТО | Лејди Гага привлече внимание на премиерата на новиот „Џокер“: Блесна во црвен фустан и во друштво на вереникот

epa11624340 US actor and singer Lady Gaga (R) and her fiance Michael Polansky arrive for the UK premiere of the movie 'Joker: Folie a Deux' at Cineworld Leicester Square in London, Britain, 25 September 2024. EPA-EFE/ANDY RAIN

Пејачката и актерката Лејди Гага го привлече вниманието на премиерата на новото продолжение на филмот „Joker: Folie à Deux“ вчеравечер во Лондон. Во овој филм таа го толкува ликот на Харли Квин, додека главната улога на Џокер повторно ја презеде Хоакин Феникс.

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

На црвениот тепих таа беше во друштво на својот вереник Мајкл Полански, а со црвениот фустан, особено нагласените ракави, драматичната шминка и црвената коса го привлече вниманието на многумина.

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

„Joker: Folie à Deux“ е продолжение на популарниот филм „Џокер“ од 2019 година, кој заработи над милијарда долари, а во кината треба да се појави на почетокот на октомври.

Филмот беше прикажан и на 81. Филмски фестивал во Венеција, каде по проекцијата доби 11-минутни овации. Иако има голем интерес за продолжението, мислењата се поделени меѓу фановите поради изјавата на режисерот Тод Филипс дека Харли Квин нема да биде портретирана онака како што ја гледале досега.

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот