ФОТО | Легендарниот Тим Бартон доби ѕвезда на Булеварот на славните, покрај него беше и Моника Белучи

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Тим Бартон во вторникот доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд во Лос Анџелес. Познатиот режисер ја доби ѕвездата како признание за неговата работа на бројни филмски хитови.

На церемонијата се појави и неговата партнерка Моника Белучи, а како гости говорници учествуваа Винона Рајдер и Мајкл Китон, ѕвездите на филмот „Битлџус Битлџус“ („Beetlejuice Beetlejuice“).

Мајкл Китон, Тим Бартон, Моника Белучи, Винона Рајдер и Дени Девито / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Зборувајќи пред толпата, Барто се сеќава дека како дете патувал сам од неговиот роден град Бурбенк во Холивуд.

„Бев доволно млад за да мислам дека овие работи се, всушност, надгробни споменици кога првпат дојдов овде“, започна тој, гестикулирајќи кон ѕвездите на Булеварот на славните. 

„Тогаш сфатив дека Џон Вејн не е погребан покрај тие луѓе“, додаде тој, а потоа објасни дека за него е голема чест да добие ѕвезда.

Мајкл Китон, Тим Бартон и Винона Рајдер / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Во својот говор, Рајдер објасни дека Бартон има „прекрасно и уникатно разбирање за човечкото срце“.

„Да се работи со Тим е како да си поканет да талкаш низ неговото срце и имагинација. Тоа е врвната катедрала и едно од моите омилени и најсвети места што некогаш сум била и вечно сум благодарна за времето што го поминав таму“, рече актерката, додека Китон се присети на нивната соработка на филмот „Бетмен“ од 1989 година. 

„Тој ми го даде сценариото и ми рече: ‘Те молам прочитај го ова и кажи ми што мислиш’“, се сеќава тој, додавајќи: „Ова е по ‘Битлџус’. После тој перформас. По таков филм. Тој му вели на студиото: ‘Го сакам тој тип’. Многу луѓе заработуваат многу пари со филмовите за суперхерои поради неговите избори и неговата визија за тоа какви би можеле да бидат тие филмови, бидејќи тој промени сè“. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот