ФОТО | Куќа со поглед на Велшките долини ставена на аукција: Почетна цена – нула фунти

Фото: Facebook / Paul Fosh Auctions

Куќа со тераса со поглед на Велшките долини ќе се најде на аукција со почетна цена од верувале или не – нула фунти. Но, оваа куќа има потреба од реновирање, што ќе биде тешко дури и за најискусните градежници.

Куќата во Њу Тредегар, Велс има значителна штета од пожар и беше опишана од аукционерот дека е во „бедна состојба“, објави Би-би-си.

Имотот нема минимална цена што значи дека се нуди на пазарот за нула фунти додека некој понуди одредена сума. Компанијата „Пол Фош окшнс“ од Њупорт, која ја продава куќата, опишува дека куќата има поглед кон долините, но дека е тешко оштетена во пожар.

Куќата има три соби на приземје, четири соби на катот и уште три до четири соби во подрумот. Наддавањето ќе започне на 1 октомври напладне и ќе заврши на 5 октомври.

Инаку, Велшките долини се област во Велс позната по прекрасните пејзажи, ридови и долини. Овие долини биле историски важни за рударството, особено за јаглен. Денес тие се популарни за туризам и активности на отворено, а исто така се дел од културниот идентитет на Велс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот