(ФОТО) Кралот и кралицата на Британија организираат забава во градината на дворецот во Единбург

Кралот на Британија, Чарлс и кралицата Камила организираа забава во градината на дворецот „Холирудхаус“ во Единбург.

Секоја година, монархот традиционално поминува една недела во Палатата посетувајќи различни региони во Шкотска, запознавајќи се со Шкотите од сите сфери на животот и угостувајќи илјадници луѓе во палатата како признание за нивната добра работа.

Позната во Шкотска како „Кралска недела“, а на други како „Недела на Холируд“, овие посети ја слават шкотската култура, достигнувања и заедница.

Претходно, кралот го започна својот официјален престој во Шкотска со добивањето на клучевите од градот Единбург, кој слави 900-годишнина.

Чарлс и Камила пречекаа околу 8.000 посетители во Палатата за време на првиот ден од нивниот официјален престој во Единбург.

Неделата на Холируд обично се одржува од крајот на јуни до почетокот на јули, иако оваа година е прекината поради општите избори во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот