ФОТО | Ќерката на Мадона во провокативно издание: Носеше фустан како искинати хулахопки

Фото: Dimitrios Kambouris / Getty images / Profimedia

Лурд Леон, ќерката на Мадона, беше во центарот на вниманието на ревијата на Марк Џејкобс во Њујорк. Таа носеше фустан со големи отвори, кој малку остави на фантазијата.
Изгледот го комплетираше со накит, отворени штикли и чанта. Таа се одлучи за едноставна шминка и благо навиткана коса, пишува „Дејли мејл“. 

Фото: Dimitrios Kambouris / Getty images / Profimedia

На споменатиот моден настан пристигна со музичарката Александра Дручин, попозната како Eartheater.

Фото: Dimitrios Kambouris / Getty images / Profimedia

Ќерката на Мадона одамна го привлекува вниманието со своите смели тоалети. Во февруари минатата година носеше креација на ревијата на Луис Де Хавиер на модната недела во Њујорк. Прошета по пистата во тесен мини фустан со ѓаволски рогови на него.

Фото: Dimitrios Kambouris / Getty images / Profimedia

Бројни корисници на социјалните мрежи сметаат дека таа не требало да учествува на овој моден настан кој, како што тврдат, е промоција на сатанизмот.

Мадона ја доби Лурд во 1996 година со актерот Карлос Леон. Двојката се раздели седум месеци по нејзиното раѓање. Тие останаа во добри односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот