ФОТО | Ќе ви ги стопи срцата: Ирина Камилоска сподели неодоливи фотографии од сопругот Павле и малиот Јосиф

Павле Камилоски со синот / Фото: Instagram / irinadisho

Пејачот Павле Камилоски и планинарката Ирина Камилоска (поранешно Дишовска) го изговорија судбоносното „да“ во февруари минатата година, а неколку месеци подоцна, на 18 јуни, нивното семејство се прошири со синот Јосиф. Од неодамна заљубениот пар откри дека го очекува своето второ дете.

Ирина често споделува фотографии и видеа од приватниот живот и моментите во кои уживаат со малиот Јосиф. И овој пат, таа сподели неколку неодоливи фотографии од првородениот син и сопругот Павле.

Фото: Instagram / irinadisho

На една од фотографиите Јосиф држи микрофон во раката. На друга, пак, таткото и синот спијат еден покрај друг и ја имаат скоро истата поза.

Фото: Instagram / irinadisho

Фотографиите од 1-годишното момче ги разнежнија нејзините следбеници, па во коментарите напишаа дека Јосиф е вистинско „шеќерче“, но и дека многу пораснал.

Фото: Instagram / irinadisho
Фото: Instagram / irinadisho

ФОТО+ВИДЕО | „Нека ти е вечно името“: Павле и Ирина Камилоски му направија крштевка на синот Јосиф во Галичник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот