ФОТО | Кинески научници открија необичен „накит“ околу вратот на мумија – парче сирење старо 3.600 години

Фото: Јутјуб / Профимедиа

Научниците го открија најстарото парче сирење на светот – пронајдено околу вратот на една мумија во Кина. Ковчегот стар 3.600 години бил отворен на гробиштата Сјаохе во Ксинџијанг, Кина за време на ископувањето во 2003 година, каде што околу вратот на мумифицираната млада жена имало предмет што изгледал како парче накит.

И покрај тоа што во тоа време изгледало како обично парче накит, научниците сега велат дека го идентификувале примерокот како најстарото парче сирење во светот, пишува „Скај њус“.

„Обичното сирење е меко. Ова не е. Сега е суво и тврдо“, изјавила Ксиаомеи Фу, палеогенетичар од Кинеската академија на науките во Пекинг.

Фото: Yuan Quan / Xinhua News / Profimedia

Таа објасни дека кога бил ексхумиран ковчегот на мумијата, било откриено дека сирењето е добро зачувано поради сувата клима во пустината Таримскиот басен.

Иако производството на сирење одамна е опишано во историјата, истражувачите во студијата објавена во списанието „Сел“ / „Cell“ напишале дека „историјата на ферментирани млечни производи во голема мера е изгубена во антиката“.

Зборувајќи за „НБЦ њус“, Фу рекла дека таа и нејзиниот тим земале примероци од три гробници на гробиштата Сјаохе и ја обработувале ДНК за да ја следат еволуцијата на бактеријата во текот на илјадници години.

Тие објасниле дека примероците покажале дека тоа е кефир направен со ферментирање на млеко со користење на зрна кефир, а има и докази за употреба на козјо и кравјо млеко.

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Истражувањето покажало дека популациите од бронзеното време, како и луѓето од Сјаохе, за кои се знаело дека се генетски нетолерантни на лактоза, консумирале млечни производи пред ерата на пастеризација и ладење.

„Овие примероци од кефирско сирење стари 3.600 години се меѓу ретките остатоци од млечни производи зачувани повеќе од 3.000 години, произведени од популацијата Ксиаохе од бронзеното време – популација со мешан начин на живот и техники“, изјавиле истражувачите.

Фу била прашана дали сирењето може да се јаде и дали ќе го проба, на што таа одговорила „нема шанси“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот