ФОТО | Кетрин Зета-Џонс наполни 55, Мајкл Даглас 80 во ист ден: Таа му честиташе со „гола“ фотографија

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ catherinezetajones

Мајкл Даглас вчера го прослави својот 80-ти роденден, а истиот ден е родена и неговата сопруга, актерката Кетрин Зета-Џонс, која наполни 55 години. На радост на нивните фанови, актерката на необичен начин му го честиташе роденденот на својот сопруг. Имено, таа на својот Инстаграм објави црно-бела фотографија од помладите денови на која позира целосно гола.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ catherinezetajones

„Во роденденско одело! По повеќе од 25 години споделување родендени со мојот сопруг, снемав идеи за подароци. Овој подарок е втора опција, топчињата за голф се прва“, напишала таа покрај фотографијата на која позира гола во бањата пред огледало.

Пред тоа таа сподели заедничка фотографија на која актерот ја бакнува Кетрин во образ. „Среќен роденден на мене и на Мајкл. Тука сме на нашиот роденден пред 25 години. Те сакам со целото мое срце“, напиша таа.

Годинава слават 24 години успешен брак. Нивната љубовна приказна започна на филмски фестивал во Франција. Тие се венчаа во ноември 2000 година во хотелот „Плаза“ во Њујорк. Нивната раскошна венчавка, на која присуствуваа многу познати актери, политичари, па дури и членови на британското благородништво, беше прогласена за свадба на годината.

Двојката има две деца заедно, 24-годишниот син Дилан и 21-годишната ќерка Керис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот