ФОТО | Кејт Мидлтон се појави на Вимблдон: Публиката ја поздрави со стоечки овации

Кејт Мидлтон / Фото: John Patrick Fletcher / Action P / Actionplus / Profimedia

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон се појави на финалето на Вимблдон. Добро расположената Кејт дојде во друштво на својата ќерка Шарлот и сестрата Пипа Мидлтон. Принцезата беше пoздравена со стоечки овации додека се упатуваше кон Кралската ложа.

Таа носеше виолетов фустан од „Сафија“. Покрај нејзината широка насмевка, внимание привлече еден особено впечатлив детаљ на нејзиниот прекрасен виолетов фустан со тесен струк и набори на предната страна.

Фото: Chryslene Caillaud / Panoramic / imago stock&people / Profimedia

Споменатиот детаљ е на предниот дел на фустанот, веднаш под левото рамо, а станува збор за зелена машна со виолетова лента, зад која се крие посебно значење. Овва машна го симболизира клубот „Сеанглиски клуб за тенис на трева и крокет“ (All England Lawn Tennis and Croquet Club).

Фото: Javier Garcia / Shutterstock Editorial / Profimedia

Кејт Мидлтон е голем љубител на тенисот, а самата е покровител на споменатиот клуб. Но, откако ѝ беше дијагностициран рак, таа не ги извршуваше службените обврски, а пред Вимблдон имаше само еден јавен настап.

Палатата Кенсингтон вчера објави дека принцезата од Велс ќе се појави во финалето кое започна од 15 часот денеска и ќе го додели победничкиот пехар. Во финалето играат Новак Ѓоковиќ (37) и Шпанецот Карлос Алкараз (21), кој минатата година во финалето на Вимблдон го победи српскиот тенисер.

Зошто баш таа поза? Експерт открива зошто Вилијам и децата ѝ свртеле грб на Кејт на новата фотографија која таа ја направила

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот