ФОТО | „Каква фигура…“: Камила Кабељо го покажа згодното тело во смела спортска комбинација

Фото: Profimedia

Американската пејачка Камила Кабељо (27) ужива во Мајами со својата мајка и двете пријателки и се чини дека не е многу оптоварена од идејата секогаш да е гламурозна иако е една од најголемите музички ѕвезди од нејзината генерација.

Во своето последно појавување во јавноста, пејачката облече кратки црни шорцеви и црн топ со длабоко деколте, што ја истакна нејзината витка линија. Ѕвездата не носеше шминка, а косата ѝ беше во лабаво, ниско опавче.

Фото: VAEM/MIAMIPIXX / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Инаку, пејачката потекнува од четиричлено работничко семејство, а многумина сметаат дека токму тоа е причината за нејзината „приземност“.

„Дејли мејл“ пишува дека Кабељо во една прилика изјави дека се надева дека општеството ќе ја цени напорната работа и дека со текот на времето ќе стане пољубезно.

„Се надевам дека кога ќе ме нема, моето наследство ќе биде во насока да го направам светот пољубезно место. Постојат различни начини да го направам тоа, преку уметноста и музиката, секогаш се трудам да бидам одговорна. Многу сум горда на моето семејство, историја и работна етика… Има нешто во нашата приказна што ме тера да гледам на животот на поинаков начин“, објаснила пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот