ФОТО | Каде е Викторија? Дејвид Бекам во женско друштво на тениски натпревар на Вимблдон

Дејвид Бекам / Фото: Darren Fletcher / News Licensing / Profimedia

Вимблдон започна, а Дејвид Бекам (49) не сакаше да го пропушти првиот ден од овој престижен тениски турнир. Фотографите го „уловија“ на трибините во женско друштво, но тоа не беше неговата сопруга Викторија.

Друштво му правеше неговата мајка Сандра Вест, а поранешниот фудбалер будно го следеше целиот натпревар. Тие седеа во кралската ложа заедно со други познати личности.

Бекам и неговата мајка го следеа натпреварот помеѓу Карлос Алкараз и Марко Лахал. Според странските медиуми, мајката на фудбалерот оди на турнирот речиси секоја година, пишува „Дејли мејл“.

Фото: no, Credit line: Mark Greenwood/IPS / Shutterstock Editorial / Profimedia

„Дејвид и неговата мајка се обидуваат секоја година да одат на натпреварите. Тие се многу блиски, имаат посебен однос и двајцата уживаат во тенис“, изјавил претходно извор за „Дејли мејл“.

Мајката и синот цело време беа насмеани, а подоцна фудбалерот со задоволство се сликаше со многубројните фанови.

Инаку, Дејвид и неговата мајка го следеа тенискиот турнир и минатата година. Меѓутоа, тогаш фотографите во неколку наврати го фатија како се проѕева и едвај ги држи очите отворени.

ФОТО | „Морничави фотографии“: Дејвид Бекам ги згрози фановите со однесувањето кон ќерка му

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот