ФОТО | Јелена Карлеуша проговори за Диди откако нивната фотографија стана вирална: „Не бев сама, бевме во друштво на најголемите светски ѕвезди“

Фото: Фејсбук/Јелена Карлеуша

Апсењето на американскиот рапер Шон Комбс, познат како Диди, е главна тема во медиумите веќе две недели. Оттогаш, сите познати личности кои присуствувале на неговите контроверзни забави и кои поминувале време во негово друштво беа ставени во центарот на вниманието. Да потсетиме, раперот е обвинет за трговија со луѓе и сексуално малтретирање.

Една од нив е и српската пејачка Јелена Карлеуша, која пред 10 години објави фотографија со Диди на својот профил на Фејсбук. Оваа фотографија, која настанала на почетокот на 2000-тите во домот на хип-хоп магнатот, сега повторно стана актуелна и многумина се запрашаа дали Карлеуша некогаш присуствувала на забавите на Диди и каква нејзината поврзаност со раперот.


Сега таа се огласи на својот инстаграм-профил и даде објаснување.

„Оваа фотографија беше направена многу одамна во куќата на Пи Диди. Тоа што не се гледа на фотографијата е дека сме во друштво на најголемите американски ѕвезди од светот на музиката и филмот. Нè фотографираше еден од најголемите. Не е важно кој. Секако дека не сум сама, присутен е и мојот тогаш партнер и не се случуваше ништо непримерно. Пи Диди секогаш се однесувал нормално и културно.

Отсекогаш сум имала и имам блиски контакти со големите светски ѕвезди, но за нивните имиња никогаш не сум зборувала, ниту планирам да ја известувам планетата, освен кога самите не се ‘откриваат’, како што беше случајот со Канје итн.

Го презирам синдромот на линч кон јавните личности од страна на јавноста, која носи пресуда уште пред да го направи тоа судот, а на кои многумина им се закачуваат за добивање некаква материјална корист. Сите се сеќаваме на годината кога го влечеа Мајкл Џексон по судови, а на крајот ништо од тоа не се докажа, освен дека медиумите можат од секого да направат ангел, но и црн ѓавол“, напиша Јелена Карлеуша на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Јелена Карлеуша

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот