ФОТО | Ја нарекуваат турската Адријана Лима! Популарната актерка во минијатурно бикини го покажа своето секси тело

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Турската актерка Афра Саракоглу е ѕвезда на серијата „Златен кафез“, а со својот атрактивен изглед често привлекува внимание, како во Турција, така и надвор од границите на земјата.

Актерката која ја нарекуваат турската Адријана Лима, на својот инстаграм-профил објави фотографии од летувањето на кои позира на лежалка во цветно бикини.

Фото: Принтскрин/Инсгаграм

„Шпанија е секогаш добра идеја“, напишала Афра во описот на објавата, додека пиела коктел и се сончала, а обожавателите ѝ упатиле мноштво комплименти.

„Најубавата девојка на светот“, „Ти си толку убава“, „Супермодел“, „Те сакаме“, „Поубава си од Адријана Лима“, се само дел од коментарите.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Оваа 25-годишна убавица пораснала без татко, а откако нејзините родители се развеле, таа со мајка и се преселила од Истанбул во мало гратче, а потоа заминала на југот на Турција.

Првата улога ја добила во првата година од студиите и тоа во филмот „Втора шанса“ во режија и продукција на славниот турски актер и пејач Озкан Дениз. Афра тогаш имала само 18 години, а во тоа време се појавија гласини дека таа се вљубила во Дениз и дека биле во врска.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Афра во моментот е во врска со својот колега Мерт Рамазан Демир од популарната турска серија „Yalı Çapkını“, која се емитува и кај нас под називот „Женкар“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот