(ФОТО) Израел бомбардираше цели во близина на главната болница во Кан Јунис

Израелските воздушни сили бомбардираа цели во непосредна близина на главната болница во јужниот град Кан Јунис во Газа, соопштија болничките власти.

Соопштија дека најмалку седум лица се повредени во нападот.

Областа која беше цел на напад, вклучува и училиште претворено во засолниште за раселените лица во Кан Јунис.

Нападот во близина на болницата Насер дојде кога израелската војска го засили бомбардирањето на источните делови на Кан Јунис, два дена откако нареди евакуација на област во која засолниште побараа над 250.000 луѓе.

Речиси 38.000 Палестинци се убиени во Газа од почетокот на војната во октомври, по нападот на Хамас врз јужен Израел во кој загинаа 1.200 луѓе, каде што 250 беа земени како заложници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот