ФОТО | Изгледа непрепознатливо: Џастин Бибер со запуштениот изглед ги загрижи обожавателите

Џастин Бибер / Фото: The Hollywood Curtain / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Пејачот Џастин Бибер стана голема светска ѕвезда кога имаше само 15 години, а денес неговото однесување и изглед најмногу предизвикува загриженост кај неговите обожаватели ширум светот.

Така беше и при неговото последно појавување во јавноста кога беше фотографиран во Лос Анџелес целосно непрепознатлив. Со порасната брада и капа на главата на јавноста им ги покажа и боксерите бидејќи панталоните кои ги носеше му беа спуштени речиси до колена.

Фото: The Hollywood Curtain / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Џастин со месеци го критикуваат обожавателите поради неговата облека, која е целосно несинхронизирана со онаа на неговата сопруга Хејли, која секогаш внимава на секој детал од нејзината облека. Пејачот најчесто носи широки тренерки, папучи, сандали и капи на главата.

Фото: @CelebrityLivin_ / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Во луксузниот хотел во кој моментално престојува, не му се придружила бремената сопруга Хејли, која наскоро треба да го роди нивното прво дете.

Бибер претходно покажа колку го трогна тоа што ќе стане татко, кога ги објави своите расплакани фотографии, па дури тогаш обожавателите се прашуваа дали можеби му треба стручна помош. Инаку, Хејли и Бибер се во брак од 2018 година.

ФОТО | Не може да ја скрие среќата: Хејли Бибер објави нови фотографии со трудничкиот стомак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот