ФОТО | Испливаа експлицитни фотографии од забава каде Диди јаде храна врз гола жена: Меѓу присутните Брус Вилис, Вил Смит…

Забава на Диди, Мајами 2004 / Фото: Profimedia

Фотографиите од разузданата забава на Диди од 2004 година се проширија низ јавноста, а светот секој ден е сè повеќе шокиран од новите обвинувања за познатиот рапер.

Диди ги одржуваше озогласените „бели забави“ во својата куќа во Ист Хемптон, каде се собираа најпознатите луѓе во САД. Гостите доаѓаа облечени во бело и понекогаш се забавуваа со денови. Сепак, сега се откриваат информации дека зад сцената на забавите се случувале страшни работи како дрогирање, силување и злоупотреба.

Токму една од забавите се одржала во 2004 година, а фотографиите од тој момент сега станаа актуелни во медиумите. Всушност, Диди тогаш организирал забава на која централна фигура била гола жена. Таа била украсена со цветови и лежела на маса од која секој можел да земе храна, а најинтимниот дел ѝ бил покриен само со голем лист, пренесува „Дејли мејл“.

diddy
Фото: MediaPunch / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Диди бил фотографиран како јаде јагода полеана со чоколадо, послужена врз нејзиното тело. Она што многумина ги шокираше беа и фотографиите од холивудските миленици кои присуствувале на забавата во тој момент. Меѓу присуните биле Вил Смит, Овен Вилсон, Брус Вилис и Дијана Рос.

diddy
Фото: MediaPunch / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Да потсетиме, Диди, беше уапсен во Њујорк и е обвинет за рекетирање, трговија со луѓе во својство на сексуална експлоатација и кривични дела поврзани со проституција. Тој беше уапсен во Њујорк пред неколку дена, а судијата го одби неговото ослободување со кауција. Тој се изјасни за невин по наведените точки од обвинението, во кое се наведува дека сексуално злоставувал жени и ги терал да учествуваат во секс забави и да користат дрога, користејќи насилство и закани.

diddy
Фото: MediaPunch / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Меѓу луѓето кои доаѓале на неговите контроверзни „бели забави“, се неговата поранешна девојка Џенифер Лопез, Хауард Стерн, Кели Озборн, Арета Френклин, Леонардо Дикаприо, Марта Стјуарт, Џеј Зи и Бијонсе, Мараја Кери и тогашниот сопруг Ник Канон, парот Томи Ли и Памела Андерсон, младите Ким и Клои Кардашијан, Ештон Качер…

Фото: MediaPunch / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Подемот и падот на Шон Комбс: Одбиена кауцијата од 50 милиони долари, останува во притвор, а му се заканува доживотна робија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот