ФОТО | Имаше гласини дека раскинале: Кајли Џенер и Тимоти Шаламе повторно заедно по пет месеци

Фото: Инстаграм/Profimedia

Ѕвездата на реалните шоуа Кајли Џенер (26) и актерот Тимоти Шаламе (28) повторно се забележани заедно во јавност. Ова е нивно прво појавување во јавност по доделувањето на Златните глобуси, кое се одржа во јануари, и по неколкумесечните гласини дека ја раскинале љубовната врска.

Во моментов, Шаламе престојува во Њујорк, каде го снима „Целосно непознато“ („A Complete Unknown“) – биографски филм за музичарот Боб Дилан, пишува „Дејли мејл“. Се претпоставува дека тој и Џенер поминуваат време заедно во Њујорк, но дека не се експонираат премногу во јавноста бидејќи сакаат да ја задржат приватноста за себе. Поради тоа што не се појавуваа заедно во јавност, многумина претпоставија дека оваа двојка повеќе не е заедно.

„Сите навистина се надеваат дека оваа врска ќе потрае“, рече извор претходно оваа година кога откри дека тие се лудо вљубени еден во друг и дека Шаламе веќе ги запознал децата на Џенер, Сторми и Ајре, кои ги има со раперот Тревис Скот.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Изворот откри и дека причината поради која не се експонираат е бидејќи актерот не сака такво внимание кон себе.

„Не му се допадна вниманието што го привлече на Златните глобуси, каде присуствуваше со Кајли. Нивниот бакнеж ја засени вистинската причина поради која беше таму. Неговата кариера е во нагорна линија и тој сака да ја заштити и да напредува поради неговиот талент, а не поради личноста со која е во романтична врска. Исто така, тој сака да го заштити и односот што го има со Кајли“, објасни изворот, кој е близок со парот.

Да потсетиме, за нивната врска почна да се шпекулира во април минатата година, откако двојката беше видена во јавност за време на Модната недела во Париз.

Иако семејството Кардашијан-Џенер го документира својот живот во реалното шоу „Семејството Кардашијан“ („The Kardashians“), Тимоти Шаламе сè уште не се појавил таму како момче на Кајли. Се чини дека актерот внимава на кој начин му се развива актерската кариера и не сака да прави дополнителен публицитет во реалното шоу на својата девојка.

Ова е најдобро облечeниот маж во 2019: Жените се во шок! (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот