ФОТО | Холандски рај среде Карибите: Еден од најшарените градови во светот, полн со живописни улици, продавници и историски градби

Фото: Profimedia

Невообичаена архитектура, бројни канали, прекрасни лалиња, стари ветерници, велосипеди, црвени фенери, Ребрант и Ван Гог… Веројатно, веднаш помисливте на Холандија, една од најпосебните туристички дестинации во Европа, пишува „Путни кофер“.

Но, што ако додадеме песочни плажи, коктели, нуркање со желки, луда летна атмосфера и кристилчно чисто море? Можеби ова не ви е прва асоцијација за Холандија, но се уште е во истата држава! Поточно, во нејзиниот најјужен дел, на само 300 километри северно од Венецуела. Ве носиме на островот Курасао и неговиот главен град Вилемстад.

Фото: Sorin Colac / Alamy / Alamy / Profimedia

Вилемстад – шарена скапоценост на Карибите

Градот Вилемстад е вистински мелем за очите, особено за оние кои сакаат боја. Овој шарен скапоцен камен на Карибите е украсен со дури 750 згради обоени во живописни бои. Секоја фасада има своја приказна, а зад оваа импресивна палета на бои се крие интересна приказна. Според локалната легенда, шарените градби биле нарачани од гувернерот Алберт Кикерт во 19. век. Кикерт, всушност, страдал од мигрена и верувал дека неговите главоболки се предизвикани од одразот на сонцето од белите фасади на зградите. Во обид да си ги олесни тегобите, тој издал проглас со кој наредил сите згради да бидат „обоени“ со светли бои.

Денес, благодарение на таа одлука, Вилемстад изгледа како сликовница полна со светли бои која привлекува туристи од целиот свет. Посетителите се восхитуваат на шарените градби покрај брегот и го прават овој град единствен на Карибите. Главниот град на Курасао, покрај шарените фасади, нуди и богато културно наследство, бројни музеи, ресторани со локални специјалитети и живи пазари.

Фото: Ilene MacDonald / Alamy / Alamy / Profimedia

Стариот дел е заштитен од УНЕСКО

Историското јадро на Вилемстад, кое ги вклучува населбите Пунда и Отробанда, е вклучено во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Пунда, најстариот дел од градот, е полн со живописни улички, продавници и историски градби кои датираат од различни векови. Мостот Кралицата Ема ја поврзува Пунда со Отробанда и е еден од најпознатите симболи на градот.
Целиот остров е познат и по своите идилични плажи кои привлекуваат посетители од целиот свет. Песочните брегови, тиркизното море и богатиот подводен свет обезбедуваат совршени услови за релаксација и авантура. Од друга страна, штом ќе пристигнете на островот, ќе сфатите дека на ова место бејзболот е многу повеќе од игра – тоа е начин на живот. Локалните жители страсно ги следат локалните натпревари, а посетителите се секогаш добредојдени да се приклучат и да уживаат во спортскиот дух.

Фото: Gal Eitan / Alamy / Alamy / Profimedia

Денес е дел од Кралството Холандија

Курасао е остров и автономна земја во Кралството Холандија, сместена во јужниот дел на Карипското Море, недалеку од брегот на Венецуела. Островот првично бил населен од Индијанците од Аравак. Во 1499 година го открил шпанскиот морепловец Алонсо де Охеда. Шпанците го колонизирале, но во 1634 година го преземале Холанѓаните. Оттогаш, Курасао е под холандска контрола, со исклучок на кратки периоди на британско владеење.

Курасао има околу 150.000 жители. Населението е многу разновидно, со мешавина од африкански, европски и латиноамерикански корени. Официјални јазици се холандски, папиаменту (креолски јазик заснован на португалски, шпански, холандски и африкански јазици) и англиски и шпански. Економијата на Курасао се потпира на туризмот, нафтената индустрија, финансиските услуги и меѓународната трговија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот