ФОТО | Хејли и Џастин Бибер станаа родители: Познатата двојка го доби првото дете, пејачот го откри полот и името

Фото: Инстаграм/Џастин Бибер

Американскиот пејач Џастин Бибер (30) и манекенката Хејли Бибер (27) го добија нивното прво заедничко дете.

Музичката ѕвезда ја сподели убавата вест на Инстаграм, каде објави симпатична фотографија од стапалото на бебето, обвиткано во ќебе.

„Добредојде дома, Џек Блуз Бибер“, напиша пејачот во описот, откривајќи го полот и името на бебето.

За само неколку часа, оваа објава собра речиси 8 милиони допаѓања и голем број коментари со честитки за младите родители.

Фото: Инстаграм/Џастин Бибер

Да потсетиме, Џастин и Хејли Бибер открија дека очекуваат бебе во мај годинава. Тие споделија неколку фотографии и видеа, на кои манекенката беше во бел венчален фустан и со вел на главата, а пејачот ѝ го галеше трудничкиот стомак. Тогаш тие ги обновија и венчалните завети, кои првично си ги дадоа во 2018 година.

Пред да потврди дека го чека своето прво дете, Хејли Бибер се соочи со повеќе гласини дека е бремена, кои циркулираа во медиумите уште од 2022 година.

Џастин и Хајли Бибер / Фото: Инстаграм/Џастин Бибер

Во интервју за „Џеј-кју“, објавено во октомври 2023 година, таа проговори на оваа тема.

„Во последно време, сите ми велат: ‘О, Боже, таа е бремена’ и тоа ми се случи повеќе пати. Има нешто потценувачки во таквите коментари. Побогу, може ли еднаш да бидам само подуена без луѓето да помислат дека сум бремена?“, изјави тогаш таа за ова списание.

Исто така, таа потенцираше дека кога ќе дојде моментот да остане бремена, јавноста ќе биде последна која ќе дознае.

„Кога ќе дојде денот таквите гласини да станат вистина, луѓето на интернет просторот ќе бидат последни кои ќе дознаат“, изјави таа.

ФОТО | Не може да ја скрие среќата: Хејли Бибер објави нови фотографии со трудничкиот стомак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот