ФОТО | Хали Бери се појави со голи гради на црвениот тепих: И на 58 години изгледа совршено

Фото: Lev Radin / Zuma Press / Profimedia

Вечерта во Њујорк синоќа беше резервирана за промоција на филмот на Александар Аџа „Never Let Go“. Главната актерка во продукцијата Хали Бери (58) маѓепса со својата убавина, стил и совршена фигура.

Додека луѓето гледаат во новите слики на Хали Бери, не можат да поверуваат како изгледа толку добро на 58 години. Нејзиниот инстаграм-профил открива многу, бидејќи таму холивудската актерка покажува колку напорно тренира, што е нејзина повеќегодишна рутина.

Фото: Lev Radin / Zuma Press / Profimedia

На полето на стилот таа продолжи во ист ритам. Хали Бери сака да носи прилично впечатливи фустани на црвениот тепих, попредизвикувачки модели кои не можат да се видат на секој чекор.

Нејзиното модно издание вчера се одликуваше со комбинација на елеганција и провокација. Фустанот со блескава боја и луксузен дизајн всушност не е сам по себе провокативен, но фактот што Хали не носеше градник го претвори овој стајлинг во вистинска „модна бомба на провокацијата“.

Смело облечената Хали Бери позираше со бројните членови на екипата на споменатиот филм, а кога би се направила листа на најпредизвикувачките ѕвезди на светската сцена, оваа актерка дефинитивно би била меѓу нив, а тоа е поради доследноста во провокативниот стил.

Фото: Lev Radin / Zuma Press / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот