ФОТО | Го покажа лицето со лузни: Ќерката на Брус Вилис има аутизам, откри како се справува со менталните нарушувања

Талула и Брус Вилис / Фото: Instagram / buuski

Талула Вилис, ќерката на Брус Вилис и Деми Мур неодамна преку социјалните мрежи откри дека ѝ е дијагностициран аутизам како возрасна.

Ќерката на познатите актери честопати има зборувано за борбата со анорексијата поттикната од телесната дисморфија, како и со останатите ментални нарушувања.

Со последните фотографии кои ги сподели на социјалната мрежа Инстаграм, Талула ги растажи следбениците ширум светот. Имено, додека омилениот холивудски актер се бори со дијагноза за кој нема лек, неговата ќерка покажа како ја прифатила нејзината болест.

Тулула, всушност, се бори и со нарушување познато како дерматиломанија, кое е предизвикано од компулсивно кинење на кожата. Таа го покажа лицето покриено со црвени исеченици и гребаници околу усните, очите и носот.

„Се случува копање на кожата! Но, можно е исцелување. Тоа не значи чиста кожа и не значи дека наметливите мисли престануваат да напаѓаат и не значи дека нападот нема да се повтори. Ова се мали победи“, напишала таа под фотографијата.

Талула ја доби оваа дијагноза во 2021 година, но храбро се справи со неа и им кажа на своите обожаватели дека е задоволна од напредокот што го постигнала кога станува збор за нега на кожата.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Инаку, дерматоломанијата е нарушување кое спаѓа во групата на нарушувања на импулсите и навиките, а се однесува на опсесивно копање и стискање на кожата. Луѓето кои страдаат од оваа состојба можат да го направат тоа на своето лице или на кој било друг дел од телото каде што ќе забележат акни, бенки или едноставно на сосема здрава кожа.

Тоа најчесто го прават со помош на пинцети, заби, ножици или некои други механички предмети. На лупењето на кожата му претходи емоционален набој, лутина или одреден стрес и ова нарушување често се поврзува со опсесивно-компулсивно нарушување.

Талула се третира со бихејвиорална терапија во комбинација со фармаколошки третман.

ФОТО | „Убава си таква каква што си“: Ќерката на Брус Вилис откри дека ги отстранила филерите од лицето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот