ФОТО | „Ех, да можам да го вратам времето“: Елена Ристеска со емотивна објава во спомен на нејзиниот татко

Елена Ристеска со таткото / Фото: Instagram / elenaristeska_era

Македонската пејачка Елена Ристеска го загуби татко ѝ во 2016 година. Низ годините, таа отворено зборуваше за тагата која не може да ја излечи времето и одвреме-навреме споделува емотивни објави посветени на нејзиниот татко.

Годинава, Ристеска објави емотивна порака и сподели неколку фотографии од своето семејство на кои е и нејзиниот покоен татко, со што го одбележа неговиот роденден.

Фото: Instagram / elenaristeska_era

„Осми роденден без тебе тато.

Кога ја пишував песнава, како да ја пишував за тебе:
Ех, да можам да го вратам времето,
ех, да можам да те вратам со него.
Тогаш сѐ би било знај совршено,
Јас и ти би биле среќни заедно“, напиша Елена покрај фотографиите.

Фото: Instagram / elenaristeska_era

Таткото на Ристеска почина пред 8 години. Пејачката не пропушта да се присети на заедничките спомени, да напише емотивни зборови и да објави заедничка фотографија со него.

ФОТО | „Жената сјае кога е сакана“: Елена Ристеска го прослави 38. роденден со најблиските

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот