ФОТО | Една од најубавите жени на светот на својата свадба не носела маскара, ниту ги цртала веѓите

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Оливија Кулпо (33), една од најубавите жени на светот и поранешна Мис Универзум, за денот на својата венчавка избра едноставност, а во интервју за „Вог“ откри и зошто.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

– Ги прескокнав маскарата, моливчето за усни и не ги истакнав веѓите. Има толку многу убавина во едноставноста – објаснила убавицата.

Оливија, која се омажи во неделата за ѕвездата на американскиот фудбал Кристијан Мекафри (28), се одлучила и за многу едноставна венчаница од италијанското модно дуо „Долче и Габана“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

– Имав многу јасна идеја за тоа што сакам од мојот фустан. Работев со „Долче и Габана“ со години, така што беше неверојатно посебно да се работи со Стефано, Доменико и со нивниот тим. Во венчаницата сакав да се чувствувам како да ме надополнува, а не да ме надвладува – рекла манекенката.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Оливија и Кристијан се во врска од 2019 година, а се свршија во април 2023 година.

Инаку, манекенката и модна инфлуенсерка беше прогласена за Мис Универзум во 2012 година, а јавноста ја памети и по нејзиниот ангажман во шоуто„Маскираниот пејач“ („The Masked Singer“) минатата година.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Поминаа десет години откако победи на Мис Универзум: Оливија Кулпо изгледа неверојатно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот