ФОТО | Џенифер Лопез „уловена“ како лета со економска класа за Париз, како „обичен смртник“

Фото: TMZ / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Латино дивата Џенифер Лопез (54) неодамна пристигна во Италија на одмор, а потоа од Неапол отпатува за Париз. Иако е светски позната ѕвезда, Џеј Ло леташе во економска класа откако се најде во финансиски проблеми поради откажувањето на нејзината турнеја „This Is Me… Live“.

Фото: TMZ / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Пејачката ја „уловиле“ на аеродром, во лежерно издание, а подоцна била снимена и како спие во авионот. Нејзиниот телохранител цело време бил покрај неа.

Фото: TMZ / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Лопез требаше да ја започне турнејата во јули, но ја откажа пред да започне. Како причина наведе дека сака да се посвети на семејството, сопругот Бен Афлек и децата. Таа ја откажа турнејата откако се појавија гласини дека таа и Бен се разведуваат. Сепак, парот ниту ги потврди ниту ги демантираше гласините.

Меѓутоа, како уште една причина за откажувањето на турнејата се наведува нискиот интерес и малата продажба на билетите за концертите на Џеј Ло.

Во екот на гласините за брачните проблеми, Џенифер замина на одмор во Италија без сопругот. И покрај осаменоста, според пријателите, таа била расположена и одлично се забавувала возејќи се на јахта и правејќи селфи меѓу живописните глетки.

ФОТО | Бен Афлек на прошетка без Џеј Ло: Актерот се потруди да им покаже важен детаљ на папараците

ФОТО | Повторно без сопругот: Џенифер Лопез се појави во спектакуларно издание на Модната недела во Париз

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот