ФОТО+ВИДЕО | Двајца рибари ја уловиле најморничавата морска риба, ја нарекуваат „риба на судниот ден“

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Двајца рибари во Австралија уловиле „oarfish“, односно риба весло или „риба на судниот ден“, како што многумина ја нарекуваат. Оваа џиновска риба е навистина ретка глетка, а ја опишуваат и како најморничавата риба која талка по морињата.

Рибата ја уловиле минатата недела кога скиперот Куртис Питерсон, од компанијата „Тиви ијландс адвенчр“ (Tiwi Islands Adventures) водел чартер-група во риболов кај островот Мелвил, а фотографијата беше објавена на профилите на компанијата и на страницата „Фишинг Австралија ТВ“ (Fishing Australia TV).

– Првпат слушам дека некој уловил таква риба. Најчесто ги пронаоѓаат кога веќе пловат мртви – изјавил авторот за риболов Алекс Џулиус за тамошните медиуми.

Тој додал и дека оваа риба не е некој деликатес.

„Има желатинест вкус, не е баш претерано вкусна за јадење“, додал тој.

Каква е ова риба?

Ова е вид риба од семејството коскени риби за која долго се веруваше дека изумрела пред околу 66 милиони години, заедно со диносаурусите. Меѓутоа, во 1938 година е откриен жив примерок покрај брегот во Јужна Африка, што предизвика големо изненадување во научната заедница. Оваа риба претставува таканаречен „жив фосил“, бидејќи нејзиниот вид не е значително променет во текот на милионите години.

За неа се врзува една стара јапонска легенда дека „навестува земјотрес“, поради што го добила името „риба на судниот ден“.

Имено, според јапонската митологија, овие риби се издигнуваат на површината и се „насукуваат пред земјотрес“, а веста за тоа дека рибата е забележана во плитки води ги загрижила мештаните. Стравувањата дополнително ги зголемил и фактот што рибите почнале да се издигнуваат на брегот две години пред катастрофалниот земјотрес и цунами во Фукушима, кои се случија во 2011 година.

Иако научниците ја отфрлија оваа идеја и добро е познато дека земјотресите не можат да се предвидат, митот сè уште е присутен.

Сличен вид живее во Јадранот

Средбата со овој вид риба е исклучително ретка појава, а она што е интересно е што сличен вид може да се пронајде и во Јадранското Море. Во Јадранот живее еден вид од овој род, кој се нарекува „Trachipterus trachipterus“, рекол Перо Угарковиќ од Институтот за океанографија во Сплит за порталот „Морски.хр.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот