(ФОТО) Државен удар во Боливија?! Војската и полицијата упаднаа во владината палата

Водачите на Боливија тврдат дека во тек е државен удар против левичарската администрација на Луис Арче, откако силно вооружени трупи ја презедоа контролата на Ла Паз, а воената полиција беше снимена како се обидува да упадне во поранешната владина палата.

– Го осудуваме обидот за државен удар против нашата демократски избрана влада – напиша потпретседателот Дејвид Чокеуанка на Твитер.

Во видео порака, министерката за надворешни работи Селинда Соса Лунда рече дека некои воени единици извршиле напад врз „демократијата, мирот и националната безбедност“.

Неколку минути претходно Арче на социјалните мрежи објави за „нередовна мобилизација“ на некои припадници на армијата.

Поранешниот претседател Ево Моралес исто така алармираше бидејќи на социјалните мрежи се проширија вознемирувачки слики од немирите.

Моралес ги повика приврзаниците да излезат на улиците и да ги блокираат патиштата за да се спротивстават на наводниот обид за државен удар, за кој тој го обвини неодамна соборениот армиски началник генерал Хуан Хозе Зунига, кој наводно бил сменет од функцијата пред денешните немири.

„Нема да дозволиме вооружените сили да ја нарушат демократијата и да го заплашат народот“, напиша Моралес, кој беше првиот домороден претседател на Боливија, но мораше да ја напушти земјата во 2019 година по, како што поддржувачите го нарекуваат државен удар поддржан од САД.

Моралес се врати од егзил по изборот на Арче следната година.

– Ја вративме демократијата за Боливија, а нашата порака е дека нема да толерираме каков било вид де факто диктаторски режим или државен удар во Латинска Америка – изјави Арче во 2020 година за „The Guardian“, во пресрет на неговата инаугурација во 2020 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот