ФОТО | „Добредојде Кирјана“: Таско повторно стана татко, среќната вест ја сподели со семејна фотосесија

Фото: Инстаграм/Христијан Тасковски - Таско

Македонскиот рапер Христијан Тасковски – Таско и неговата сопруга Наташа повторно станаа родители.

Двојката, која минатата година го доби синот Лукијан, пред неколку месеци објави дека нивното семејство ќе се прошири за уште еден член и дека очекуваат ќерка.

Сега раперот ја сподели среќната вест дека неговата сопруга се породила и му посака добредојде на девојчето, на кое му го дадоа старото македонско име Кирјана.

Пред два дена, Таско објави семејна фотографија со бремената Наташа и Лукијан.

„Сите имаме моќ да го обликуваме нашето наследство со тоа што ќе живееме со намера, добрина и цел. Секоја одлука, секој чин на сочувство и секоја мудрост што ја даваме на другите го гради тој траен отпечаток.

Тоа што го правиме денес ќе одекнува во срцата и умовите на оние што доаѓаат по нас. Тоа е потсетник дека нашите животи не се само наши; тие се дел од нешто поголемо.

Живејте на начин што вашето наследство ќе зборува за најдоброто од вас и ќе ги инспирира другите да го направат истото“, напиша тој во описот на фотографиите.

Фото: Инстаграм/Христијан Тасковски – Таско
Фото: Инстаграм/Христијан Тасковски – Таско
Фото: Инстаграм/Христијан Тасковски – Таско
Фото: Инстаграм/Христијан Тасковски – Таско

ФОТО | Таско за 2023 година: Болката нѐ обликуваше во издржливи суштества

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот