ФОТО | Диди летувал во Хрватска во 2022 година, ја меркал Северина, а хрватска актерка му се придружила на јахтата

Фото: Принтскрин/Инстаграм/ЕПА

Музичкиот магнат Шон Диди Комбс, познат и како Пи Диди, беше уапсен во Њујорк и е обвинет за рекетирање, трговија со луѓе во својство на сексуална експлоатација и кривични дела поврзани со проституција. Тој беше уапсен во Њујорк пред неколку дена, а судијата го одби неговото ослободување со кауција. Тој се изјасни за невин по наведените точки од обвинението, во кое се наведува дека сексуално злоставувал жени и ги терал да учествуваат во секс забави и да користат дрога, користејќи насилство и закани.

Инаку, Пи Диди ја посетил и Хрватска во 2022 година.

На суперјахтата „Серенити“ (Serenity) се дружел со Вуди Харелсон, Метју Меконахи и Саша Барон Коен. Диди пристигнал во друштво на мистериозна црнка.

Освен со јахтата, Диди се дружел и со познати актери на вечера во ресторан на островот Врник, недалеку од Корчула. Таа вечер, хрватската пејачка Северина седела на соседната маса со своето друштво.

Нејзините пријатели ја искористија можноста да се фотографираат со Вуди и Меконахи, а една од нив објави видео на кое Северина поминува покрај нивната маса и ја поздравува славната холивудска екипа. На нејзиниот поздрав, актерите се свртеле и ја поздравиле, додека Диди ја измеркал од глава до пети.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Хрватската актерка Зринка Цвитешиќ се приклучила на елитниот холивудски тим на луксузната јахта „Серенити“. Во 2017 година, хрватската актерка се дружеше со Харелсон и Мекконаги на снимањето на црната комедија на Вуди „Изгубени во Лондон“ (Lost in London).

Судејќи по фотографиите од нивната средба, Зринка останала во одлични односи со актерите.

Се огласи поранешната девојка на Диди по снимката на која брутално ја тепа: „Сè уште се опоравувам“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот