ФОТО | Специјално мени: Кралот Чарлс Трети го послужи јапонскиот цар Нарухито со морски ракчиња и мус од босилек

Фото: POOL / Jiji Press Photo / Profimedia

Британскиот крал Чарлс Трети пред два дена одржа државен банкет во чест на јапонските цар и царица, Нарухито и Масако, во Бакингемската палата, пишува Би-би-си.

Кралот ги поздравил своите гости на јапонски јазик, со порака што беше преведена како „Добредојдовте назад во Британија“.

Што се однесува до менито, царот и царицата биле послужени со поширани морски ракчиња, мус од босилек, риба калкан, јајца од препелица и шербет од праски.

Фото: AARON CHOWN/POOL / MirrorPix / Profimedia

Во оваа прилика, царот Нарухито се присетил на своите младешки денови, кои ги поминал како студент на Универзитет Оксфорд.

Кралот Чарлс Трети ја потенцирал важноста на блиското пријателство помеѓу Обединетото Кралство и Јапонија.

– Нашето пријателство е партнерство со длабоки корени – рекол кралот, осврнувајќи се на областите како што се наука, култура, одбрана и трговија.

Фото: AARON CHOWN/POOL / MirrorPix / Profimedia

Тој, исто така, се осврнал на некои јапонски придонеси за популарната култура, вклучувајќи го и брендот „Хелоу Кити“ и ја спомнал фразата од познатото аниме „Покемон“: „Мора да ги фатам сите“.

Царот Нарухито ја нагласил важноста двете земји да се стремат кон „вистинско меѓусебно разбирање“ и оставил впечаток дека се осврнал на претходните воени конфликти кога зборуваше за градењето пријателства по „времето на големи тешкотии“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот