ФОТО | Човек „сосема случајно“ си направил куќа како оние од „Хобитот“

Фото: Инстаграм/„Би-би-си њуз“

Стјуарт Грант поминал децении транформирајќи руинирана штала во куќа која наликува на оние кои се опишани во делото на авторот Џ.Р.Р. Толкин – „Хобитот“, пишува „Би-би-си“.

Но, овој 90-годишен човек немал таква намера и замисла кога го почнал проектот во осумдесеттите години на минатиот век.

„Требаше да биде само приверемено. Кога почнав да ја правам, јас бев навистина возбуден поради тоа. Ме понесе идејата и завршив со ова што е денес“, вели симпатичниот господин.

Неговата мелечка куќа е сместена во гленот Африк, во Шкотските Гори.

Тој ја купил парцелата, на која имало запуштена куќа и трошна штала, во далечната 1984 година. Грант, кој бил вешт столар, имал намера да ја реновира куќата и да создаде свој дом во Шкотските Горки, откако претходно живеел и работел 14 години во Австралија. Но, пред да ѝ се посвети на куќата, тој решил да ја претвори шталата во привремено сместување.

На почетокот, шталата немала врати, туку само четири ѕида и два влеза. Тој го приклучил имотот на електричната мрежа, но, на почетокот, единствениот електричен апарат за домаќинство му била сијалица од 100 волти.

Со текот на годините, креативниот столар ја претворил шталата во мал, пријатен дом, опремен со сè што е потребно за пристоен живот. Исто така, интересно е и дека направил витражи на прозорците. Бидејќи куќата има овални врати, неговите соседи почнале да ја нарекуваат „куќата на Хобит“.

Стјуарт вели дека сè е коинциденција и дека никогаш не ги прочитал книгите на Толкин, ниту ги гледал филмските адаптации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BBC News (@bbcnews)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот