(ФОТО) Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата во Непал надмина 100, а десетици се водат како исчезнати

Бројот на загинати од поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал достигна најмалку 100, а десетици луѓе се уште се водат како исчезнати.

Полицијата утрово предупреди дека бројот на загинати се очекува да се зголеми, бидејќи дошле извештаи од селата во планинските предели од земјата.

Времето во Непал денеска се подобри, а спасувачките мисии и расчистувањето на теренот се во тек.

Спасувачките работници извлекоа 14 тела во текот на ноќта од два автобуса кои се упатиле кон Катманду и биле затрупани во лизгање на земјиштето на автопат во близина на главниот град.

Најмалку уште еден автобус и други возила сè уште се затрупани на истото место, а спасувачите копаат по камења и кал обидувајќи се да најдат преживеани.

Катманду остана отсечен, бидејќи трите правци, вклучувајќи го и клучниот автопат Притви што го поврзува Катманду со остатокот од земјата, се блокирани од лизгање на земјиштето.

Жителите во јужниот дел на Катманду, кој беше поплавен од вода, ги чистеа своите куќи бидејќи нивото на водата почна да се намалува.

Најмалку 34 лица загинаа во Катманду, кој беше најтешко погоден од поплавите во саботата.

Полицајци и војници помагаа во спасувачките напори, додека тешка опрема беше употребена за расчистување на одроните од патиштата.

Владата објави дека ќе ги затвори училиштата и колеџите низ Непал во следните три дена.

Обилните врнежи од дожд, кои започнаа во петокот, се намалија во саботата навечер, иако се очекуваше да продолжат и во текот на денешниот ден.

Минатата недела владата издаде предупредување за поплави во земјата, предупредувајќи на огромни врнежи.

На автобусите им беше забрането да патуваат ноќе по автопатите, а до поединците беше упатен апел да не излегуваат на патиштата со своите автомобили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот