ФОТО | „Бог да ни ја заштити љубовта“: Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ ја прославија првата годишнина од бракот

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ / Фото: Анастасија Ражнатовиќ

Српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ (26) и фудбалерот Немања Гудељ (32) вчера (14 јули) ја прославија првата годишнина од бракот, односно од денот кога направија тајна црковна венчавка и прослава во нивниот дом во Севиља, Шпанија.

По тој повод, двојката објави заедничка фотографија и си посветија емотивна порака.

„Нека ни е среќна првата годишнина од бракот!

Бог да ни ги заштити љубовта и бракот до крајот на нашите животи. Те сакам“, стои во описот на фотографијата.

Фото: Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ ја започнаа љубовната врска на почетокот од 2022 година. Фудбалерот ја запроси пејачката лани на Ибица, по што направија црковна венчавка во Севиља, градот каде што живеат и каде што Гудељ ја гради својата фудбалска кариера.

Годинава направија и голема прослава во Србија, во домот на турбофолк ѕвездата Светлана Ражнатовиќ – Цеца, која е мајка на Анастасија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот