ФОТО | Беше миленик на жените: Поранешниот сопруг на Хали Бери целосно непрепознатлив, исцрпен и со седа коса

Оливие Маринез и Хали Бери / Фото: Profimedia

Актерот Оливие Мартинез кој секогаш во јавноста изгледаше беспрекорно и во елегантни модни комбинации е речиси непрепознатлив на најновите фотографии.

Беше познат како холивудски миленик на жените. Но, некогашните темни, густи прамени коса сега се заменети со седа коса, а неусогласената модна комбинација и неговот исцрпено лице оставија впечаток на запуштен изглед.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Ова е првпат да го видиме Мартинез во јавност откако неговата поранешна сопруга, актерката Хали Бери, откри дека потрошила 200.000 долари обидувајќи се да соработува со актерот во заедничкото родителство врз нивниот 10-годишен син Мејс со него, пишува „Дејли мејл“.

Фото: Joe Martinez / PictureLux / Profimedia

Да потсетиме, парот се вери во 2012 година, а една година подоцна се венчаа и добија син. Иако се разделија во 2016 година, нивниот развод беше финализиран дури минатата година во август. Битката за старателство трае веќе неколку години, а актерката неодамна тврдеше дека Мартинез ја „одложил“ терапијата за заедничко родителство што ја наложил судот и дека не може да најде начин да соработува со него.

Фото: EPA/JONATHAN BRADY

ФОТО | Хали Бери се појави со голи гради на црвениот тепих: И на 58 години изгледа совршено

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот