ФОТО | Бен Афлек на прошетка без Џеј Ло: Актерот се потруди да им покаже важен детаљ на папараците

Бен Афлек / Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Американскиот актер Бен Афлек (51), веројатно, никогаш во животот не се трудел толку напорно да ги прилагоди рацете за да им го покаже својот венчален прстен на папараците, кои го фотографирале додека се шета со неговиот 12-годишен син Самуел.

Изразот на неговото лице како да сакал да каже: „Еве, сликајте ми го прстенот. Таму е“.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Иако тоа не значи многу во светот на Холивуд, каде приказните за раскинување и развод се менуваат од минута во минута, Афлек изгледа невербално се обидува да негира дека неговиот брак со Џенифер Лопез е завршен.

Бенифер 2.0 сè уште не е завршен и тие, веројатно, ќе ја прослават својата втората годишнина од бракот на 16 јули.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Да потсетиме, разделбата на Афлек и Лопез е главна тема во естрадите медиуми со недели. „Најголемата љубовна приказна некогаш раскажана“, како што ја опиша самата Лопез, завршила „поради нејзините невозможни барања“, „поради постојаниот притисок што го чувствуваат“, а гласините дополнително се засилија откако тие не се појавија заедно на неколку јавни настани во последно време.

Тие се запознаа на снимањето на филмот „Gigli“ на крајот од 2001 година. Тие ја започнаа својата љубовна врска некаде кон средината на 2002 година и како пар добија голем публицитет. Бидејќи беа омилен пар на јавноста, тие беа именувани како „Бенифер“ во медиумските написи.

Лопез ја објави првата свршувачка со актерот во ноември 2002 година, кога Афлек ѝ даде шест-каратен розов дијамантски прстен во вредност од 1.200.000долари. За жал, тие ја откажаа венчавката која беше планирана за 14 септември 2003, а на почетокот од 2004 година го објавија и крајот на нивната свршувачка.

Според многумина, видеозаписот за песната „Jenny from the Block“ на Џенифер Лопез, а во кој се појавува и Бен Афлек, е легендарен и претставува важен сегмент од американската поп-музика од тој период.

Тие стапија во брак по вторпат во јули 2022 година во Лас Вегас.

ФОТО | Еден детаљ го привлече вниманието: Џенифер Лопез и Бен Афлек видени заедно по гласините за развод

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот