ФОТО | Адријана Лима не ослабна по породувањето и изгледа божествено

Адријана Лима и Андре Лемерс на ФИФА наградите / 27 февруари 2023 / Фото: CYRIL MOREAU / Bestimage / Profimedia

Едно од најпознатите и најубавите лица во светската модна индустрија, Адријана Лима не престанува да воодшевува со својот изглед. Така беше и на нејзиното последно појавување во Париз, на годинашното доделување наградите на Меѓународната фудбалска федерација.

Фудбалската елита се собра на едно место, по повод престижниот настан, каде им се оддава почит на најголемите фудбалски имиња во светот. Сосема очекувано, фудбалерите се појавија со своите партнерки, нивните поубави половини, кои како и секогаш, ги привлекоа погледите на публиката, но најмногу внимание привлече Адријана Лима.

Адријана Лима на ФИФА наградите / 27 февруари 2023 / Фото: CYRIL MOREAU / Bestimage / Profimedia

Атрактивната бразилка на настанот се појави во долг, црн фустан со корсет и голи раменици, во придружба на нејзиниот партнер Андре Лемерс. Креацијата ги истакна нејзините облини, кои ги задржа после третото породување, и покај тоа што има повеќе килограми од периодот кога беше ангел на „Викторија сикрет“, изгледа прекрасно и заводливо.

Адријана Лима и Андре Лемерс на ФИФА наградите / 27 февруари 2023 / Фото: CYRIL MOREAU / Bestimage / Profimedia

Инаку поранешната српска снаа, Адриjана Лима е глобален амбасадор на навивачите на ФИФА и ќе биде вклучена во неколку глобални иницијативи, а нејзината улога ќе биде да го развива и промовира фудбалот во светот.

„Кога ќе ја запознаете Адријана, веднаш ќе ја почувствувате нејзината љубезност и страствената љубов кон фудбалот. Таа живее и дише за фудбалот и затоа може да биде врската помеѓу ФИФА и навивачите ширум светот“, изјави првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Повеќе вести за Лима:

Адријана Лима ги збуни обожавателите: Потечена во лицето, не личи на себе

Апсолутно симпатично: Адријана Лима го откри полот на бебето

Адријана Лима ја објави првата фотографија од синот Сајен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот