Форум на немнозински заедници: Помалите етнички заедници се на маргините, а се 10% од вкупното население во државата

Скопје, Камени мост/ Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Од Форумот на немнозинските заедници кој е формиран со цел поголеми права на Ромите Турците, Власите, Бошњаците и останатите помали етникуми во Македонија, велат дека помалите етнички заедници се на дното по остварувањето на своите права. Реагираат дека не се на исто рамниште со Македонците и Албанците , а малите заедници без култура,соодветно образование не може да напредуваат.

„Како помали етникуми според последниот попис сме 10 % од вкупното население во државата, а сме на маргините. Нашите уметнички друштва се буквално приватизирани во нашите домови, значи не добиваат никаква подршка од страна на државата. Образованието на мајчин јазик, како на пример на ромски или влашки јазик се уште не можеме да го оствариме. Сега се направи некој компромис околу бројот на ученици, но немаме наставен кадар, не е вложено во наставниот кадар, бараме барем мајчиниот јазик да го изучуваме, вели Надир Реџепи од Форумот на немнозинските заедници.

Тој додава дека целта на здружувањето на немнозинските заедници била токму нивната поделеност. Сега се сплотени, но потребна е поголема поддршка од институциите,кои се уште доцнат со поднесување на извештајот до Советот на Европа.

„Ова е шести пат како Македонија известува што прави и како ги имплементира правата на малцинските заедници, но Македонија доцни. Еве ние ја потсетуваме новата власт дека доцнат со поднесување на извештајот до Советот на Европа и дека тоа треба што поскоро да се направи, а секако ние како граѓански организации ќе поднесеме алтернативен или извештај во сенка, во однос на тоа како ние ја гледаме сегашната состојба на националните малцинства и што треба да се направи“, додава Реџепи.

Македонија како членка на советот на Европа има обврска да ги штити националните малцинства, но тоа во пракса недостасува, додава Реџепи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот