Финска најави дека активностите за новите санкции против Русија ќе почнат „веднаш“

Елина Валтонен / Фото EPA-EFE/Rafal Guz

Веднаш ќе почнат активностите во врска со 15-тиот пакет санкции против Русија, најави финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен.

„Сигурна сум дека ќе можеме да ги ажурираме и списоците на санкционирани субјекти“, рече Валтонен на состанокот на Советот на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи, што се одржа во Луксембург.

Советот на ЕУ ја усвои 14-тата рунда санкции против Русија, со цел да се фати во костец со заобиколувањето на постоечките мерки и дополнително да го ограничи профитот на рускиот енергетски сектор, јавува „Киев Индипендент“.

Новиот пакет санкции вклучува рестриктивни мерки против 116 поединци и субјекти одговорни за активности кои го нарушуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, со што се зголемува бројот на поединци и субјекти против кои се воведени рестриктивни мерки на вкупно повеќе од 2.200.

Новиот пакет санкции вклучува забрана за претовар на руски течен природен гас на територијата на ЕУ за понатамошна испорака до трети земји.

Валтонен рече дека преговорите за 14. пакет санкции траеле долго, но дека опсегот на санкциите е многу широк.

Сите земји-членки на ЕУ имаа свои ставови, кои требаше да се разгледаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот